Македонија
30. April 2023 - 19:47

Охрид полн со туристи за продолжениот викенд

Најголемиот туристички центар, Охрид, и овој празничен викенд  полн со гости.

Традиционално, најбројни се туристите од соседството, како и домашните , а периодов актуелни се и кружните тури со посетители  од Грција, Албанија, Србија, Турција но и од подалечните земји .Голема раздвиженост има  низ  чаршијата и кејот, а  исполнети се и терасите од кафулињата долж охридското крајбрежје.

Туристичките работници задоволни од исполнетоста велат дека Охрид останува атрактивна  и поевтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот.

Првомајскиот викенд секогаш е добра најава за туристичката сезона која е пред нас, угостителите и хотелиерите се надеваат дека оваа  ќе биде една од поуспешните до сега.