Македонија
29. April 2023 - 16:36
Алејата на писателите запуштена во престолнината на поезијата
Запуштена алејата на писатели во Струга. Искршени клупи,опустошени спомен обележја,обезглавени бисти и обрасната трева е сликата во градот на мостовите.Нема ни обележје за споменот на познатите писатели и поети. Јавноста бара од надлежните органи поголема ефикасност во справувањето со ваквите вандали.
За жал иста е ситуацијата и во Паркот на поезијата светските поети добитниците на Златен венец и Манифестацијата Струшки вечери на поезијата често се мета на вандалите.
Инаку последната кражба се случи пред неколку дена, кога непознати сторители ја украдоа бронзената биста на поетот Славко Јанески од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
