Македонија
25. April 2023 - 12:26

Струга воведува мултиетнички паралелки

Струга воведува интегрирано образование .Во градинките ,основните и средните училишта започнаа со работа мултиетничките паралелки се со цел создавање на образовна клима за надминување на културните разлики но и меѓусебно зближување на младите.

За разлика од минатото кога во Струга меѓуетничките недоразбирања беа причини за бројни тепачки сега ситуацијата е променета велат професорите.

Мешаните групи ученици,на исто место   следат настава. 

Проектот Градиме нови мостови треба да ги зајакне  меѓуетничките интеграции во училиштата и градинките  со заеднички наставни или воннаставни активности.