Македонија
22. April 2023 - 16:31

Мицкоски бара јавноста да го види договорот со „Бехтел и Енка“

Не само на пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат, туку Договоротот Бехтел и Енка треба да биде ставен на очиглед на целата јавност, побара денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 Тој повторува дека Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д е криминален, и најавува дека партијата и понатаму ќе објавува делови од него добиени преку свиркачи.

Дека се работи за спорен Договор, според Мицкоски, потврдува и демантот на американската амбасада која јасно посочила дека не учествувала во преговарањето со двете компании. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека двата стратешки партнери САД и Турција не би се инволвирале во договор со приватни компании, но дека власта ги користи и се затскрива зад нив.

Од друга страна, од владејачката СДСМ и понатаму велат дека наводите на опозицијата за Договорот со лажни. Од таму тврдат дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски вчера спинувал кога навел дека 70 отсто од ангажираните работници според Планот во Договорот ќе бидат странци и тоа без работни дозволи.

Премиерот Ковачевски, вчера во интервју за Сител, кажа дека во законот обврската 51 отсто од ресурсите што ќе се користат за изградба на патиштата да бидат локални се однесува на користење на ресурси од македонски компании.