Македонија
21. April 2023 - 12:15
Никако да се реши проблемот со струшката депонија
Никако да се реши проблемот со струшката депонија. Судскиот процес по поднесената граѓанска тужба заглави, рочиштата постојано се одложуваат . Екологистите се незадоволни тие велат дека депонијата бара итно решавање, бидејки изминативе години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и респираторни заболувања.
И натаму депонијата функционира а населението трпи штети. Загрижувачки се податоците за последиците врз здравјето на луѓето.
Инаку според последните податоци предвидено е да се гради современа регионална депонија во Општина Новаци со што ќе се реши деценискиот проблем со загадувањето на животната средина за кој со години негодуваат еколошките организации и граѓаните, а критики има и од УНЕСКО.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
