Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доставија барање со серитификати за увид во договорот со Бехтел и Енка
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со безбедносен сертификат за „државна тајна“ испратија официјално барање до премиерот Ковачевски да им го достави класифицираниот договор со Бехтел и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10Д. Барањето следи откако Ковачевски најави дека документот преку „Државни патишта“ ќе биде доставен до Јавното обвинителство за проверка за можна корупција, но не и до пратениците.
Опозиционерите велат дека договорот им треба за да можат правилно да одлучат за законските измени поврзани со него.
Но и без договорот, Комисијата за економски прашања денеска расправаше за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-народна партија за измените за минерални суровини.
Расправата за 4 амандмани за овој закон се планира да заврши да заврши за уште еден работен ден по Рамазан,имајќи пред вид дека во оваа комисија се работи со рокови.
Комисијата која расправа по измените за воведување на 60 часовна работна недела пак, и понтаму е заглавена и не се одржува поради 1111 амандмани на Левица. Дискусиите во ова собраниско тело не се ограничени.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
