Македонија
15. April 2023 - 16:27

Охрид предвелигденски полн со туристи

Продолжениот велигденски викенд го раздвижи градот. 

Гостите уживаат во прошетките покрај кејот на Охридското Езеро, чаршијата, стариот дел од градот , културно историските знаменитости и верските објекти. 

Полно е и во рестораните и кафетериите, а атракција се и турите со бродови и катамарани. 

Хотелските капацитети се исполнети со гости од регионот и странство, а место повеќе се бара и во приватното сместување и вилите.

Градот подготвен ги дочекува гостите за празниците, координирани се сите надлежни иснтитуции за безбеден престој.

Во Охрид се чуствува Велигденската атмосфера. Градот е украсен во велигденски стил, а четиридневното прославување на празникот дополнително придонесе голем број гости да одмараат во главниот туристички центар.