Водостојот на Охридското Езеро под просекот
Се уште критична состојбата со нивото на Охридското езеро.Иако деновиве како резултат на врнежите од дожд водостојот е во пораст , и се наоѓа на кота 693,31 метри надморска височина сепак хидролошката состојба е под просекот за овој период од годината..Обемното користење на водните ресурси на Охридското Езеро предизвикува варијации на нивото на вода кои негативно влијааат по живиот и растителниот свет, а доведуваат и до нарушување на објектите на самиот брег.
За да се реши овој проблем потребно е да с е направи еден софистициран испуст кај реката Црн Дрим во Струга.
Екологистите велат дека Охридското Езеро природно осцилира,но зачестени се големите разлики како резултат на климатските промени и несоодветниот начин на регулирање на истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
