И Бугарија сака да има претставник во работните групи за Уставот
Официјална Софија бара да учествува во нашите уставни измени. Шефот на бугарската дипломатија Милков ова веќе му го соопштил на и министерот Османи.
„Од она што го знаеме, се разговара за варијанти на иднот текст на Уставните измени во С. Македонија и ние би сакале да партиципираме во овој процес за да се одвива непречено. Би сакалае да се консултираме со нив за овие прашања. Вчера имав краток разговор со министерот Османи за ова“, рекол Милков на брифинг.
Засега нема одговор од македонскотот МНР дали би профатиле странска држава да учествува во процес на иставни измени кај нас, независно што промените се прават пред се со цел вметнување на Бугарите во Уставот.
Во меѓувреме, засега ниту една партија не пријавила свој претставник во работната група за уставните измени што ја иницира минстерството за правда. Покана добија сите парламентарни партии, не зависно дали се во коалиција или не, а тие ќе треба да номинираат свој претставник најдоцна до понеделник.
Од друга страна, министерството се уште ги нема дефинирано ни сите експерти по уставно право што ќе бидат ангажирани во работното тело. Не се знае ни вкупната бројка на членови во групата, ниту динамиката на работа или пак, начинот на одлучување, велат вклучени во процесот.
Она што можат да го соопштат од министерството за правда е дека претседателот на работната група ќе биде избран од редот на експертите.
Дилеми има и околу тоа што ќе биде мандатот на телото.
Од кабинетот на шефот на државата Пендаровски, кој исто така ќе има свој делегат, велат дека неговиот претставник ќе има ограничен мандат.
"Претставникот што ќе биде делегиран од страна на претседателот Пендаровски ќе биде овластен за ангажман за уставните измени кои се поврзани со преговарачката рамка со ЕУ, велат од кабинет на Пендаровски.
Поранешната судијка во Стразбур Цаца Николова, потврдува дека прифатила да е дел од групата, но и за нејзе дилема е дали групата ќе се концентрира само на уставни измени поради преговарачката рамка.
Иако се споменуваше дека дел од стручниот тим ќе биде и професорката од Штулов – Беса Арифи, таа вели дека досега не добила покана за биде дел од групата. Неофицијално, за екперти за овие уставни измени се планираат и професорката Дескоска и професорот Шкраиќ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
