Македонија
2. April 2023 - 19:55

Неконтролираната урбанизација и дивоградбите клучни Охрид да се најде на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО

Унеско статусот повторно виси на конец а справувањето со неконтролираната урбанизација и отстранување на дивоградбите во заштитеното подрачје се едни од клучните препораки Охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја.Според професорот Мариноски проблемот со дивите градби е круцијален ,зборуваме за нелегални објекти а нема иницијатива истите да се  решат со претходно донесени урбанистички планови со кои рационално би се искористил просторот,nевладините пак сметаат дека на тој начин проблемот со дивоградбите ќе се продлабочи.

Од Завод и музеј велат дека се постапува согласно препораките на Унеско но поради намалените финансиски средства ќе се  реализираат   помалку проекти за заштита на културното наследство.

Градоначалникот на Охрид Пецаков пак смета дека проблемите кои доведоа до оваа состоба да го спасуваме УНЕСКО статусот на Охридскиот регион се таложеле со децении и не може да се очекуваат инстант резултати во нивно решавање.