Македонија
27. March 2023 - 12:17

Збогатување на гастрономската понуда ќе донесе повеќе туристи во Охрид

Охрид треба да работи на збогатување на гастрономските знаења и понудата. Професораката на факултетот за туризам Ангела Паскуале посочува дека потребно е да се вратиме кон нашето изворно традиционално гастрономско богатсво. Цените да бидат пристапни а сепак гостите задоволни да уживаат во автентичноста.

„Сега повторно ние се враќаме, тоа ќе биде всушност и следниот тренд, враќање кон локалната кујна. Цените да не бидат превисоки, како кај Мишелин рестораните, пристапни цени и начин на презентација. Сервис, убави чинии, убаво наместена храна, убав пристап, едукација за да се презентира таа храна, да се продаде менито“ вели – Проф.Д-р Ангела Паскуале – ФТУ Охрид.

Студентите од различни години и студиски насоки деновиве имаа можност да се запознаат со тајните на изработка на неколку видови леб,кој според добрите познавачи како професионаклен гест во рестораните би можел да се послужи пред гостите да ја направат нарачката.

„Секој може да дојде до брашно, со одреден квалитет и да ги користи тие состојки кои ни се на располагање на сите. Она што се конзумира поради таа динамика во нашиот живот, немањето време и парични средства за да вие можете секој ден да си дозволите да имате домашен леб,“ – посочи Проф.д-р.Климент Наумов – ФТУ Охрид.

Разновидната понуда на менијата во рестораните и нудењето на традиционалната храна од нашето поднебје е она што најчесто го бараат странските туристи.