Измина рокот на УНЕСКО а Струга се уште нема ниту регистар на дивоградби, Мерко тврди дека дивоградби нема
Невладините повторно го кренаа гласот. Иако измина рокот од две години за спроведување на препораките на Унеско Струга не презема ништо сеуште тие обвинуваат дека не е изработен регистар на дивоградби кои според неофицијалните податоци ги има околу илјада а продолжува и претераната узурпација и урбанизација на атрактивните локации и самиот брег на Охридското езеро.
„И во Струга имаме многу стручни и критични проблеми во однос на сите препораки. Тоа што јас би го потенцирал е хаотичната состојба на целиот систем и на општините и на Владата“, вели Ндерим Положани од невладината „Капс“ Струга.
Активистите велат дека потребна е поголема заштита на езерото и трската која со години безмилосно се уништува.
„Потребна е добра волја од страна на надлежните за да ја сочуваме и природата и Охридското езеро но и да се воведе ред во урбанизацијата. Мора да се среди, мора и крајбрежието да има план за по тој план да се развива регионот, бидејќи ние во овој регион туризмот го имаме како најголем придонес во економијата“, додава Положани.
И додека невладините и еколозите критикуваат дека препораките од Унеско се далеку од исполнети градоначалникот Рамиз Мерко се уште тврди дека во заштитениот појас во градот нема дивоградби.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
