По трет пат одложен судскиот процес за родилката која остана без органи
По трет пат одложено рочиштето за случајот со родилката Веапоска. Судскиот процес против тројцата лекари кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи е одложен поради отсуство на адвокат на обвинета во случајот. Јилдиз тврди дека додека нејзе и се влошува здравјето како физички така и психички а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката постапката се одолговлекува уште од самит почеток но се надева дека правдата на крајот ќе биде задоволена.
Адвокатот Јанев вели дека ќе ја почитуваат одлуката на судот и верува дека во најскоро време ќе заврши агонијата на Веапоска.
Според обвиниението тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле три органи бубреј ,јајник и матка.
Судскиот процес почна во јуни минатат година но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган.Следното рочиште е закажано за 9 мај.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
