Македонија
5. March 2023 - 16:36

Нелојалната конкуренција го уништува охридскиот бисер

Охридските занаетчии се соочуваат со нелојална конкуренција. Иако охридскиот бисер е е заштитен од страна на државата, на секој чекор се продава плагијат, за кој трговците лажат дека е оригинал. Седефести перли, пластични бисери и разни бисерни бижутерии увезени од Тајланд и Турција во многу трговски дуќани се продаваат како  оригинали со лажни сертификати.

Закони има, но инспекциските служби не преземаат ништо, занаетчиите се надеваат дека со влезот во ЕУ конечно ќе го добијат заслуженото место.

Покрај инспекциските служби за спречување на продажбата на лажни бисери можат да помогнат и туристичките водичи, кои треба да им појаснат на туристите каде можат да купат оргинален охридски бисер.