Стравична железничка несреќа во Грција - Загинати над 36 патници при судир на два воза
Светлото на утринското сонце даде вистинска слика за катастрофалната железничка несреќа која нешто пред полноќ се случи во близина на грчкиот град Лариса. Стотици тони деформиран метал и јагленосани вагони сведочат за хоророт низ кој ноќеска поминаа патниците, главно млади студенти кои сакаа со ноќниот воз од Атина да стигнат на предавања во Солун по продолжениот викенд кој го имаа поради празникот Прочка.
Со крв на лицето, дел од преживеаните патници раскажуваат за полноќниот железнички хорор
Надлежните јавуваат за над 35 загинати и стотици повредени. Спасувачките екипи стравуваат дека бројката на загинати ќе биде поголема.
Грција веќе прогласи тридневна жалост. На местото на несреќата утрово пристигна и грчкиот премиер. Најави темелна истрага
Грчките медиуми јавуваат дека за несреќата веќе е приведен раководителот на железничката станица во Лариса. Првичните претпоставки се дека до судирот дошло поради човечка грешка поради која двете композиции возеле по истата пруга но во спротивни насоки. Како што информираше грчката полиција, во патничкиот воз се превезувале 342 патници и 10 членови на екипажот. Патниците биле главно студенти кои се враќале во Солун по продолжениот викенд поради празникот Прочка.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
