Македонија
27. February 2023 - 12:23

Дојава за поставена бомба во Основниот суд во Охрид

Дојава за бомба во Основниот суд во Охрид.

Вработените и комплетниот персонал, утрово, беа евакуирани од просториите.

Како што дознаваме бомбата била најавена дека ќе експлодира во 12 часот па вработените имале време да се  евакуираат ,од судот ги отфрлаат можностите дојавата да има врска со утрешното најавено судење за случајот со Пендиков.

Полицијата ја затвори за сообраќај улицата Македонски Просветители во центарот на Охрид.

Екипи на охридската полиција, Брза помош и Охридската пожарна се на терен, а вработените се одалечени од објектот.

Oд охридскта полиција го потврдија настанот .Портпаролот Стефан Димоски најави дека   на електронска адреа на основниот суд била упатена закана за поставена експлозивна направа.

-Денеска во 07.50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки, додава Димоски.

Инаку, дојава за поставена бомба во Охрид имаше и во декември во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ која беше пристигната на електронската адреса на училиштето.