Македонија
24. February 2023 - 12:25

Зголемен интересот за одгледување на јаткасти плодови во Охридско-стушкиот регион

Зголемен интересот за одгледување на јаткасти плодови ,Охриѓани и стружани го следат нагорниот тренд и велат дека одгледувањето е економски поисплатливо во споредба со другите овошни насади.  Препораката на агрономите е да се подигаат насади со нови култури на поголеми површини.

Јаткастите плодови се продукти кои се се повеќе барани на пазарите ,а Македонија има погодни климатски услови за одгледување на овие производи.

Експертите предвидуваат зголемување на побарувачката и производството на јаткасти плодови, тие апелираат на поголеми површини да се подигаат насади се со цел да добија поконкурентна цена на пазарот.