Министрите на Таравари ќе чекаат викенд дебата
Задолжување од 25 милиони евра ја прекина дебатата за владината реконструкција. Наместо за разрешување на последниот од тројцата министри на Алтернатива, пратениците денеска дебатираат за заем од германска банка со кој треба да се ревитализираат хидроелектраните. Нова тема, стара и веќе слушната дебата.
И опозицискиот лидер Мицкоски не излезе надвор од овие теми.
Дебатата за разрешување на последниот од тројцата министри треба да продолжи утре но повторно ќе биде прекината во четврток поради седницата за пратенички прашања. Мнозинството најавува побрза процедура од петок а не се исклучува Собранието да работи и за време на викендот за да може на почетокот на наредната недела да го комплетира новиот владин состав. Иако поддршката од 61 пратеник не е доведена во прашање, никој па ниту самиот премиер не знае дали новите комбинации во неговиот кабинет ќе му донесат повеќе од 64 пратеници колку што имаше пред да влезе во авантурата за засилување на парламентарното мнозинство.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
