Македонија
19. February 2023 - 16:36

Питачи го окупираа охридското крајбрежје во Струга

Загрижува проблемот со питачењето во Струга. За разлика од минатото кога во туристичкиот центар овие лица организирано од другите градови беа најбројни во текот на летото сега сликата е поинаква тие се тука во текот на целата година. Во центарот на градот, околу рестораните и шеталиштата покрај реката Црн Дрим просат од граѓаните. Од Центарот за социјални работи велат дека изготвен е посебен протокол и работна група со претставници од сите институции се со цел да заштита на  децата.

Од Центарот за социјални работи велат дека грижата за децата и семејствата во социјален ризик е нивен приоритет.

Покрај казните, за  несовесните родители, кои ги пуштаат децата да питачат по улиците е одземање на родителското право.

Проблемот со питачењето во Струга години наназад се провлекува, поради немањето простор за сместување на питачите, кои по многуте акции на полицијата за нивно отстранување повторно се враќаат на улиците.