Почна испитувањето на изворите кај Свети Наум
Се испитува состојбата на природното наследство на изворите во Свети Наум. Се прави процена на неговиот биодиверзитет и еко системот се со една идеја поголема заштита.Станува збор за строго заштитена зона од каде се напојува охридското езеро.Од НП Галичица најавија дека се прави и сеопфатна дата база со идентификувани нелегални објекти на целата територија на паркот кои ќе бидат доставени до сите релевантни институции во земјата.
Добрите познавачи сметаат дека потребно е заштитата да се подигне на едно повисоко ниво на локалитетот Свети Наум кој е богат со ендемична флора и фауна.
Со проектот кој е финансиран од страна на Унеско, а го спроведува Националниот парк Галичица, за прв пат е изработен посебен план за управување со комплексот на изворите во Свети Наум.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
