Канцеларијата на УНЕСКО во Охрид да не се претвори во партиски штаб бараат здруженијата
Наместо како про форма со вработени партиски лица канцеларијата на Унеско која ќе се отвора во Охрид треба да го заштитува културното и природното наследство сметаат граѓанските активисти. Канцеларијата треба да има за цел да донесе подобар мониторинг на состојбите и поголема контрола во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион.
Киселинов од здружението Билјана посочува дека извештајот кој се доставува до Унеско се крие бидејќи на терен не е направено ништо наместо да се стопира урбанизацијата на Галичица постојано никнуваат нови градби.
Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска при неодамнешната посета во Париз истакна дека се прават напори во согласност со препорките наспроти неа пак невладините сметаат дека комисијата на Унеско ќе има нови дополнителни забелешки.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
