Македонија
5. February 2023 - 16:32
Струга ги игнорира препораките на УНЕСКО
Струга не презема ништо за зачувување на Охридскиот регион.Иако УНЕСКО пред две години побарал од институциите во февруари 2023 година да имаат изготвено документи со стратегија и план за заштита на природното наследство опозицијата обвинува дека сеуште не е изработен ни регистар на дивоградби кои неофицијално надминуваат илјада.Продолжува претераната урбанизација и узурпација на брегот на езерото .
Полицијата изминативе неколку месеци поднесе повеќе кривични пријави за нелегално поставување на урбана опрема.
Струшкиот градоначалник Мерко во повеќе наврати посочи дека во градот нема дивоградби а угостителските објекти на плажите имаат договори и и плаќаат закупнина на локалната.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
