Македонија
15. January 2023 - 16:43

Проблемот со уличните кучиња е сериозен не само во Струга, туку и во Кичево - надлежните си ја префрлаат одговорноста

Аларманта  состојбата со кучињата скитници во Струга. Градоначалник Мерко најави дека подготува проект за прифатилиште за бездомни кучиња и упати барање до Владата да помогне во реализацијата. 

Тој воедно апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика, не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на оние кои ги растоваруват кучињата во градот и нивно пријавување до надлежните институции.

Активистите за заштита на животните посочуваат покрај Струга критична е состојбата и во Кичево и бараат итно да се  преземат мерки.

Од општина Струга посочуваат дека приоритет останува безбедноста и здравјето на граѓаните, но и заштитата на животните. Активистите пак се децидни, бараат итни мерки од надлежните пред да се случи некој нов масакр, како оној пред неколку  дена кога со пушка беа убиени кучиња во Струга.