Почна вевчанскиот карневал - Политичка сатира под маски
Вевчани и оваа година наликува на театар на отворено .Eнергетската и економската криза ,европската интеграција на земјава,спорот со Бугарија ,војната со Украина,кралицата Елизабета ,министерката за одбрана Славјанка Петровска се само дел од маските кои продефилираа на Вевчанскиот карневал и овој пат инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во земјава и светот и привлекоа голем број на посетители. Неизоставен дел на карневалското дефиле се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните.
Градоначалникот Кочовски смета дека маските не сакаат никого да навредат туку само прикажуваат што се случувало изминатите 12 месеци.
Вевчанскиот карневал е инспирација и за фотографите од целиот свет.
- Некој ми покажа фотографии од Вевчанскипт карневал ,се воодушевив колку е уникатно и старо ова карневалско случување кое ја продолжи традицијата и во време на пандемијата.
Сместувачките капацитети во Вевчани иако во мал број се исполнети до последното место а голем дел од гостите се сместени и во околните Струга и Охрид . Со Вевчанскиот карневал се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
