Македонија
8. January 2023 - 16:41

Детското одделение во струшката болница преполно со деца – пациенти

Празниците го наполнија струшкото детско одделение со пациенти. Само за Новогодишната ноќ имало околу 500 деца, бројката секојдневно надминува 100 прегледи на ден а наплив има и за Божиќните празници. Амбулантата и болничките кревети се преполни со деца кои имаат покачена температура,кашлица и респираторни проблеми.

Родителите се жалат дека патуваат до Струга и чекаат долго за преглед докторите пак велат дека се соочуваат со преоптовареност.

Напливот на пациенти во Струга започна откако поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во охридската болница кое моментално функционира до 20 часот само како амбуланта. На детското одделение во Струга работат пет педијатри кои лекуваат деца од целиот регион Охрид, Струга, Дебар и Ресен.