Македонија
4. January 2023 - 12:31
Охрид очекува гости и за Божиќ и Водици
По Новогодишниот продолжен викенд кога градот беше преполн со туристи како пред пандемијата Охрид очекува посетители и за Божиќ ,Стара Нова година и Богојавление - Водици .Иако најбројни се очекува да бидат домашните сепак нема да изостанат ни оние од нашето опкружување.
Овој тренд на пораст на туристи се очекува да продолжи. Според најавите на водичите голем наплив на гости од соседството се очекуваат за 8-ми Март.
Добрите познавачи сметаат дека туристичките работници треба да бидат подготвени на предизвиците и покрај енергетската и економската криза.
Доколку Новогодишните празници се репер за тоа каква сезона ќе има во Балканскиот Ерусалим туристичките работници се надеваат на плодна година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
