Одлична атмосфера и добро расположени во Охрид
Охрид со огномет точно на полноќ го одбележа доаѓањето на Новата 2023 година. Во одлична атмосфера и добро расположени нa градскиот плоштад илјадници гости уживаа во музиката на македонските естрадни уметници . Весело беше и во угостителските објекти, кои беа исполнети до последно место, традиционално со богата трпеза и одлична забава до раните утрински часови.
Градоначалникот Пецаков кој заедно со граѓаните на плоштадот ја дочека Новата година им посака здравје и напредок на секое поле а како најголем предизвик за оваа година ја смета реализацијата на големите проекти кои им ги ветил на граѓаните.
Новогодишната ноќ во главниот туристички центар каде имаше огромен број на посетители како од земјава така и од регионот помина мирно без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир а совесно се однесувале и возачите . Итната медицинска помош пак имала полни раце работа бројот на пијанства бил незначителен повеќето кои се пожалиле биле со знаци на вирози.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
