Светот со последен поздрав за Пеле - кралот на фудбалот
Бразил се збогува со легендарниот фудбалер Пеле. Проглесена е тридневна жалост во чест на кралот на фудбалот кој почина вчера на 82 години како последница на рак на дебело црево.
Веста за смртта на Пеле го обиколи светот. Статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро и стадионот „Вембли“ во Англија, веќе светат во боите на бразилското знаме, а почит на фудбалската легенда му одадоа и бројни организации, федерации, политичари и познати фудбалери.
Инспирација за Роналдо, восхит за сите генерации фудбалери.
Пред Пеле, фудбалот беше само спорт. Пеле промени сè, се дел од зборовите и на бразилскиот фудбалер Нејмар
„Тој ја сфати моќта на спортот да ги зближи луѓето“ напиша и поранешниот американски претседател барак Обама под објавената заедничка фотографија.
Почит на легенрадниот фудбалер му оддаде и НАСА
Го одбележуваме заминувањето на легендарниот Пеле, на многумина познат како крал на убавата игра. Оваа слика на спирална галаксија во соѕвездието Скулптор ги прикажува боите на Бразил“,објави вселенската агенција на Твитер
7дневна жалост е прогласена во сојузната држава Сао Паоло каде во 65тата година стратуваше кариерата на Пеле и каде ќе се одржи погребната церемонија. Цели 36часа неговото тело ќе биде изложено на теренот на стадионот на Сантос каде јавноста ќе може да му оддаде последна почит на трикратниот светски првак во репрезентацијата на Бразил.
Погребот во вторник ќе биде затворен за јавноста и на него ќе присуствуваат само членови на потесното семејство.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
