Македонија
30. December 2022 - 12:32
Охрид исполнет за новогодишната ноќ
Охрид полн со туристи за Новогодишните празници.Приватното сметување и апартманите се целосно исполнети а интерес има и во оние хотелски капацитети кои нудат програма за налудата ноќ во годината.Голем број гости веќе пристигнаа во градот и его искористија времето за прошетка покрај езерото, посета на културно историските споменици, и рестораните во чаршијата.
Иако оваа година цените поради енерегетската и економската криза се покачени сепак има интерес за празниците.
Најпримамливи се дводневните и тридневните новогодишни пакет аранжмани. Покрај добра забава на градскиот плоштад рестораните и ноќните клубови богато новогодишно мени нудат и охридските угостители.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
