Македонија
28. December 2022 - 12:22

Струга во мрак: Рестрикции на јавното осветлување и за празниците

Рестрикциите на јавното осветлување  во Струга остануваат и за празниците осветлени ќе бидат само центарот на градот и селата.

Првиот човек на општината Мерко ги повика граѓаните на поголема свесност и најави дека како резултат на енергетската криза мора да се  штеди бидејќи локалната не е во можност да ги покрие огромните сметки.

Од 16 до 23 часот ќе има осветлување а потоа градот е во тотален мрак на што реагираа граѓаните.

Иако стружани во повеќе наврати јавно бараа намалување на комуналната такса градоначалникот Мерко е дециден дека нема да се укине ниту ќе се намали.

Ограничувања на јавното осветлување воведоа и неколку други општини,бидејќи беше предупредувано дека нè очекува тешка зима.