Македонија
27. December 2022 - 12:22

Туристите од соседството ќе бидат најбројни во Охрид за новогодишните празници

Туристичките центри подготвени за Новогодишните и Божиќните празници. Најбројни ќе бидат гостите од нашето соседство од Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Бугарија, Албанија и домашните. Првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јаневски смета дека потребни се поорганизирани празнични манифестации и концерти за збогатување на понудата и привлекување на повеќе странски туристи.

И покрај поскапувањата на цените потребни се афтентични атракции и подигнување на квалитетот на услугите.

Од АПТ посочуваат дека со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања. Согласно податоците од Светската туристичка организација нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот.