Охрид доби канцеларија за потрошувачи
Охрид доби канцеларија за заштита на потрошувачите. Граѓаните доколку имаат некој проблем ќе добиваат бесплатни совети, информации и следење на состојбите на локалниот пазар се со цел остварување на своите права како потрошувачи. Најчести поплаки има за производи од бела техника и технички апарати и неможност на остварување на правата од гаранции и сервисирања, недоставувањето на мебел е доста актуелно, како и онлајн фејсбук продажбата.
Зајакнувањето на позицијата на граѓаните како потрошувачи, заштитата на нивната сигурност и економските интереси, претставуваат клучни цели во програмата велат од локалната.
Инаку, во тек е и реализирање на иницијатива за формирање на сектор за грижа за корисници што е предвидено со новиот Закон за заштита на потрошувачи и претставува обврска која мора да ја исполнат јавните претпријатија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
