Македонија
18. December 2022 - 16:29

Прва игротека за деца со попреченост во Охрид

Охрид ја доби првата инклузивна игротека. Околу 200 деца со церебална парализа добија катче за игра, терапија и социјализација. 

Анастасија Митреска, мајка на дете со церебрална парализа, вели дека овој начин ќе им се олеснат секојдневните активности, а ќе имаат и можност за работно ангажирање и ослободување од стресот. 

Потребата од вакво место е голема бидејќи овие деца поради архитектонските бариери и непристапноста во градот, забавните паркови и игротеките, едноставно нема каде да одат. Од друга страна и степенот на инклузија во училиштата сеуште не е развиен на доволно високо ниво за да ги прифати овие деца.

Значењето на ваквите установи е огромно имајќи го предвид континуираното зголемување на бројот на деца со попреченост во државава.

Отворањето на оваа инклузивна игротека претставува прва фаза од стратешката цел на Општина Охрид, а тоа е отворање на Центар за лица со пореченост каде на едно место ќе се обединат сите дневни центри и нивната работа ќе се постави институционално.