Македонија
14. December 2022 - 16:34

Детското одделение во Струга е полно, болницата нема доволно лекари

Детското одделение во Струга преполно со пациенти. Двојно е зголемен бројот на заболени а има се помалку доктори.Педијатрите  посочува дека ваквата состојба станува алармантна дневно имаат преку  100 пациенти и бараат итно да  се изнајде решение.

За алармантната состојба со недостиг на лекари се пожали на својот фејзбук статус и доктор Вулнет Бектеши кој јавно побара помош од премиерот ,министерот за здравство и директорите на струшката и охридската  болница.Најкритично според  педијатрите е за време на викендите , празниците и ноќната смена каде покрај од охридско струшкиот регион на лекување доаѓаат и деца од Ресен и Дебар.

Недостиг на педијатри има и во други градови во земјава.Причината за ваквата состојба е масовното иселување на здравствен кадар низ годините.