Македонија
12. December 2022 - 12:31

Струга ќе се украсува предновогодишно

И покрај енергетската криза во Струга нема да има рестрикции на уличното осветлување ,градот за новогодишните празници ќе биде украсен .Иако нема да има масовен дочек на градскиот плоштад сепак ќе има забава за најмладите.За оваа намена општината издвоила 5 илјади евра.

Градот на мостовите ќе биде осветлен бидејќи тие денови се очекуваат голем број на туристи но и враќање на ислениците во своето родно место кои по традиција за дочекот на Новата година слават со најблиските.

Новогодишно украсен ќе биде и Охрид.

Градот на мостовите иако неколку месеци штеди електрична струја исклучувајќи го уличното осветлување на што реагираа граѓаните за празниците ќе биде осветлен.

Општина Струга веќе неколку месеци штеди електрична енергија, јавното осветлување се исклучува, на што реагираат граѓаните, а поднесен и е Управен приговор.