Македонија
16. October 2022 - 16:27
Охридското Езеро полно со отпад
Несовесноста на граѓаните повторно на виделина. Големи количини најразличен отпад лежат на дното на Охридското Езеро, посочуваат нуркачите.И додека едни прават подводни еко акции други сметот од домовите наместо онаму каде што им е местото го фрлаат во езерто.Најголемиот природен басен кој Унеско го заштити како природна реткост, се претвора во езерска депонија.
Од дното на езерото при последната акција извадена е поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, и покуќнина на само 500 метри одалеченост од брегот .
Нуркачите и екологистите сметаат дека потребна е конкретна акција од локалната и централната власт и казнување на загадувачите кои остануваат глуви на сите апели за заштита на природниот бисер.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
