11 Октомври беше свечено одбележан и во Охрид
Денот на народното востание е неизбришлив датум за генерациите кои доаѓаат. Симбол на македонскиот непокор, 11-ти октомври е датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот национален развој, и се реализира вековниот сон за создавање на Македонска држава. Во сите периоди Охрид бил дел од историските настани кој ја одредија иднината на Македонскиот народ, порача градоначалникот Пецаков.
Историчарот, Машановиќ, потпретседател на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, истака дека Сон на многу генерации кои оставија аманет е да ја чуваме со крв, спечалената слобода на нашата таковина, , не смееме да дозволиме она што било создавано со векови да биде загубено за миг.
Инаку Охрид со свечена седница и полагање ан свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во градскиот парк, во дворот на Основен суд и средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и на градските гробишта го одбележува 11 октомври.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
