Македонија
21. September 2022 - 12:22
Енергетската криза сериозен удар за хотелиерите, најавуваат клуч на врата
Енергетската криза закана за хотлиерите долж охридското езеро.Од ХОТАМ велат дека поради превисоките цени и големите трошоци дел од поголемите објекти оваа зима а некои и од месец октомври ќе стават клуч на врата .Тие бараат помош од државата бидејќи како што посочуваат покачување на електричната енергија и можните рестрикции се голем удар врз хотелскиот сектор.
Дел од хотелите бараат алтернативни енергетски решенија но мал е бројот на оние кои имаат поставено фотоволтаични ситеми поради потешкотии во вадењето на документацијата.
Мал број хотели произведуваат струја користејќи ја сончевата енергија. Дел користат нафта и пeлети, но иднина гледаат во префрлање на топлински пумпи кои даваат повисока ефикасност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
