Струшката болница за нефрологија нема пари за струја
Струшката болница за нефрологија погодена од енергетската криза .Директорот на оваа здравствена установа Попоски вели дека сметките споредбено со измината година се повисоки за 5 до 6 пати ,тој е загрижен за тоа како ќе функционираат во текот на зимата бидејки тешко ќе може да ги покријат трошоците па се надева на помш од владата.
Заводот за нефрологија кој опслужува огромен број пациенти од земјава и од регионот има доволен број ан специјалисти и субспецијалисти но има дефицит од медицински сетри .
Од болницата најавија со проект од Швајцарска амбасада ќе се реновира објектот .Инаку на зградата која е изградена 1984 година до денес направени се поправки само еднаш односно саниран е кровот кој години наназад прокиснуваше при секој поинтензивен дожд.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
