Македонија
17. September 2022 - 21:16

Дали проблематичниот балансер е извор на корупција?

„Македонец се пишал дека е Албанец за да дојде до работа која носи плата од 611 евра“, „Македонец и Албанец станаа Турчин и Ром за полесно да се вработат“, „За пет работни места еден кандидат се пријавил под 3 различни националности – бил Ром, па Турчин, па Албанец“.

Овие наслови кои стануваат секојдневие во македонските медиуми, се проблем за кој антикорупциската комисија предупредува со години. Главен виновник е балансерот поради кој граѓаните ја менуваат својата етничка припадност, но со давањето на лажна изјава, свесно или несвесно прават кривично дело. Антикорупцинерите бараат укинување на овој балансер, кој станува и извор на корупција.

Мала и ефикасна, наместо превработена партиска администрација со години бара и бизнис заедницата. Од организацијата на работодавачи велат дека за нови вработувања воопшто не треба ниту да стане збор во оваа економска криза кога државата бара да штедат и фирмите и  граѓаните.

Регистерот на министерството за информатично општество и администрација  покажува дека до крајот на минатата година во јавниот сектор биле вработени 132.088 лица, од кои 82.975 се Македонци, 22.954 Албанци, 2.203 Турци, а останатите Роми, Бошњаци, Срби и Власи.