Македонија
17. September 2022 - 16:33

Слаб интерес за осигурување од елементарни непогоди

Многу мал е интересот за осигурување од елементарни непогоди во земјава. Свесноста кај граѓаните сеуште е на ниско ниво иако непредвидливите опасности секојдневно демнеат околу нас.Поплавите,пожарите ,земјотресите и климатските промени покажаа дека има потреба од ваков тип на осигурување.

Луѓето се и повеќе од свесни за потребата од сигурна и безбедна иднина, но недоволната информираност , недовербата и  ниската свест според тврдењата на експретите, резултираат со помала заинтересираност за осигурителните полиси во нашата држава во однос на другите земји.

И во останатите европски земји слична е состојбата добрите познавачи сметаат дека потребна е поголема едукација на јавноста за предностите и поволностите од осигурувањето.

Експертите посочуваат дека осигурувањето ни обезбедува поголема сигурност, бидејќи нѝ овозможува да ги префрлиме на осигурителната компанија ризиците, кои што ни ги носи животот. Природните катастрофи и елементарните непогоди секогаш се сурови потсетници за тоа колку е важно финансиски да се заштитиме од овие ризици, кои што ги загрозуваат нашите животи, здравјето и имотот.