Повторно регистрирани случаи на измами во Охрид
Измамници повторно оперираат во Охрид.Тие лажно претставувајќи се како лица од полиција вршат измами претежно на повозрасни граѓани со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица од семејството притоа користејќи ја нивната вознемиреност од нив изнудуваат парични средства.Меѓу охриѓани се активира алармот,на социјалните мрежи се повеќе се информира за вакви случаи, Анета Вршкоска Јованоска јавно на својот фејсбук профил сподели видео во кое раскажува како нејзините родители добиле телефонски повик од наводен полициски инспектор кој им кажал дека нивната ќерка прегазила дете барајќи од нив пари за да не дознае за случајот.
Од СВР Охрид велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои лажно се претставуваат како службени лица и апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви измислени приказни.
Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица и да не наседнуваат на вакви и слични измами, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 112 повикува СВР Охрид.
Неодамна 74-годишна охриѓанка плати 3.000 евра откако била измамена дека нејзината ќерка е тешко повредена во сообраќајка истиот ден, уште една повозрасна жена била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
