Македонија
11. September 2022 - 16:32
Охрид со иницијатива за развој на инклузивен туризам
Охрид го развива инклузивниот туризам.Хотелот на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на самиот брег на езерото е единствениот во земјава кој нуди ваков вид на туризам каде половина од вработените се лица со инвалидитет а работен јазик им е знаковниот. Најчести гости скоро 80 отсто, се глуви лица, слепи и лица со телесен инвалидитет.
Потребно е уште многу да се работи на светста кај луѓето,иако одморалиштето е од отворен тип, во него многу малку или воопшто не се организираат семинари или работилници.
Инаку Охрид е и првиот туристички центар во земјава кој оваа година постави рампи за лицата со телесен ивалидитет на две плажи и обезбеди услови за соодветен пристап до охридското езеро.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
