Македонија
2. September 2022 - 16:43

Шаќири уверува: Училиштата ќе работат со физичко присуство цела учебна година

Во текот на целата година наставата во училиштата ќе се одвива со физичко присуство најави министерот за образование Шаќири.

Тој потенцира  дека и покрај претпоставките во јавноста дека во зимскиот период наставата ќе се одвива онлајн или ќе има продолжен распуст се со цел штедење на електрична енергија образованието треба да е приоритет како и некои други институции.

Од гимназијата Ибраим Темо пак посочија дека се подготвени за престојната зима и имаат финансиски средства за греење.

Министерот Шаќири при денешната посета во неколку струшки училишта истакна дека следната недела ќе има состанок со министрите за економија ,финансии и другите инволвирани ресори во делот на енергетиката на кој ќе се разговарало за мерките за штедење на електричната енергија во училиштата.