Македонија
20. August 2022 - 16:51

Никнуваат диви депонии во Охрид и Струга

Двата најголеми  туристички центри во земјава натрупани со мини диви депонии. Големи количини отпад и градежен шут може да се забележи на патниот правец Охрид-Струга. Несовесните граѓани отпадот го оставаат каде ќе им текне еколошката свеста на населението е на многу ниско ниво алармираат екологистите. Тие сметаат дека потребна е едуација за  најмладите за да  се зачува природното богатсво.

И вљубениците на водните спортови посочуваат дека секојдневно се сведоци на отпад на дното на езерото. Странците се воодушевни од природата, но зачудени од третманот .

Еколозите велат дека брзиот начин на живот и развојот на технологијата предизвикаа човекот се понесовесно да се однесува кон околина и да заборави на одредени важни фактори кои придонесуваат за поздрав живот и поздрава животна средина.