Македонија
14. August 2022 - 16:37
Само 10 плажи во Охрид имаат спасители
Преполните плажи долж Охридското езеро го зголемија бројот на интервенции. Спасителите на вода и ова лето со полни раце работа досега имале 800 укажувања на прва помош и 14 извлекувања на давеници. Немилите настани најчесто се случуваат од невнимание на самите капачи и на корисниците на капалиштата.
Жалосно е што ова лето од вкупно 36 плажи безбедни за капење се само 10 каде се поставени 18 спасители.
Во водите на Охридското езеро имаше и двајца давеници кои починале од здравствени проблеми .
Од Црвениот крст апелираат до крајот на сезоната да се почитуваат правилата за капење и да се користат плажите кои се безбедни за да се избегнат несакани ситуации.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
