Македонија
7. August 2022 - 16:27

Странците се повеќе бараат кампинг туризам во Охрид

Активниот туризам се повеќе баран од страна на странските туристи. Посетителите кои се вљубеници во природата, водните спортови и планинарењето, наместо во хотели и апартмани бираат летен одмор во камп приколки, дрвени куќарки и шатори покрај Охридското Езеро.

Ова лето најбројни во камповите се гостите од Полска, Чешка и Словенија но не изостануваат ни оние од регионот и домашните.

Од активностите кои се нудат во камповите  најатрактивни се нуркањето и кајакарењето.

Камповите распослани долж езерото овој период се преполни со туристи. Туристичките работници очекуваат закрепнување и враќање на туризмот како пред пандемијата.