Македонија
3. August 2022 - 12:19

Охридското Езеро привлечно за развој на нуркачкиот туризам

Охридското Езеро привлечно за развој на нуркачкиот туризам. Стотици нуркачи од речиси сите краеви ширум светот во текот на летната сезона уживаат во различни подводни авантури. Тие можеа да видат што кријат длабочините на ова милениумски старо езеро, познато како ретка природна убавина и туристичка атракција.

Целиот регион од аспект на природата е неверојатно убав, гледано и од културен асект Охрид и Струга се многу убави градови со богата историја. Дефинитивно вреди да се посетат – вели Реич.

Подводниот археолог од Берн, Јоханес Реич посочува дека потребно е да се искористат потенцијалите на оваа природна убавина за привлекување на што поголем број посетители кои го сакаат подводниот свет.

Добрите познавачи велат дека за  развој на нуркачкиот туризам Охридското Езеро кое што го нарекуваат слатководно море е доста атрактивно со ендемичните видови, природните убавини и историските вредности.