Мицкоски од Ташмаруништа: Да се избориме за нов Илинден
Она што денес ни се случува со државата е едно историско дежа ву на сите аспирации на дел од соседите кои безмалку во различни облици не прателе како проклетство низ вековите. Не е проблем што тие удираат, но болката е што одвнатре Македонија е распродавана.
И тука немаме ние некаков идеолошки судир, туку постои математичка пресметливост на владеачката елита која преку трговија со најскапото ја задржува власта изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање од струшко Ташмаруништа по повод прославата за празникот Илинден
Секое бегство од референдумот е бегство од народот, а со тоа се покажува колкаво предавство се прави на Македонија и македонскиот народ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој кажа дека СДСМ ќе се обиде да ја обвини Европската Унија и меѓународната заедница за тоа што се случува во Македонија но и ВМРО-ДПМНЕ со оправдување дека тие недоволно се борат за националниот идентитет и интереси.
Единствен излез од актуелната ситуација според Мицкоски , се парламентарни избори и ново мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ќе бидат гаранција дека Македонија ќе го врати изгубеното.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
