Засилени полициски контроли во Охрид во пресрет на Илинден
Во пресрет на Илинденските празници засилени полициски контроли во Охрид. Кога се очекува градот да биде преполн со туристи полициски службеници ќе бидат распоредени во централното градско подрачје, периферните делови но и на оние фреквентни места каде ќе има бројни настани и концерти. Фокусот ќе биде ставен на одржувањето на јавниот ред и мир и нарушувањата.
Со оглед на тоа дека Охрид деновиве зазема препознатливо место на мапата на музички настани градоначалникот Пецаков апелира до посетителите и целокупната публика да ги почитуваат сите мерки на безбедност.
Поради зголемениот број на туристи кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ пак ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Дежурните екипи го собираат сметот и хаосот кој зад себе го оставаат несовесните посетители.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
